Имав чувство, небаре оставајќи го понастрана, самиот живот во течењето на еден ден, да се оддалечам од него, од ритамот на живеењето на моето потесно семејство со мене во Париз, и поширокото во Македонија, Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Водата ќе се зафаќа од Оризарската река, ќе се прочистува низ простројките (филтрите), ќе се обезбеди 300 литри вода во секунда, со што ќе се задоволат потребите за 55 000 жители во градот и пошироко во Општината Кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Целиот овој интерес насочен спрема Македонија и нејзината судбина произлегува, пред сè, од потребата да се зачуваат главно британските интереси на Балканот, т.е. излезот на Егејското Море и опасноста од загрозување на истите интереси во Турција и пошироко во Средоземјето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Расказот, кој беше објавен во часописот „Amazing” 1983, остана во сенка но насловот беше запаметен, прво во научната фантастика а потоа и пошироко во медиумите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој е, грубо земено, двапати поширок во однос на висината.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)