Се разбира, во тие темни денови на грдиве случувања, многу нешта сеуште не се разјаснети.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа најде една празна вреќа, ја посла во аголот од тремот, веднаш до вреќите со компирот, па ја пренесе тука срната и полека ја спушти на простирката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не знам дали ви е кажано но човеков, како празна вреќа се свлече на земјата, и во истиот момент, во најбрз можен ритам, почна да трча лазејќи на сите четири, како годиначе, и за момент го снема под бирото на Мирко Бунде.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еднаш, кога те затвораат, ќе ти удрат еден дајак сите полицајци по ред и преку ред, додека началникот божем води записник, а потоа ќе те одвлечкаат до визбата како празна вреќа да не можеш да стапнеш на нозе додека лежиш, чекајќи да те осудат. Ако дочекаш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)