Гледаше низ паднати клепки во масата со две празни чинии.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред мене стоеја три дами со натапирани бели коси, подготвени да заѕвонат на ѕвончето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но кога животот, во долгиот балкански егзил, нè соочуваше со брзи и судбински решенија, Мајка ги донесуваше одлуките, оставена сама во воените траншеја помеѓу две војски, пред празните чинии на своите чеда, во времето на големата немаштија, верувајќи, надевајќи се дека Татко е со неа, го гради патот на мислите кој води до спасот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тетка Олга се направи дека не го сторила тоа, го исекна носот во салфетката, а потоа ја фрли во празната чинија пред неа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа дојде баба ми со празна чинија и почна да ме кара: Абре синко, јас цело време ја барав чинијата со ручекот и луѓето ми останаа без манџа. Зошто го стори тоа?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)