Заштитата на британските интереси во Кралството Југославија најде своја практична реализација со појавата на полковникот Дража Михајловиќ.21 Британските известителни служби и британската влада по окупацијата не располагале со податоци за состојбата на политичките сили во Југославија бидејќи нивната известителна служба била разбиена и пренесена во Истанбул и Анкара каде што бил формиран таен центар при кој се наоѓале голем број британски агенти со цел да се собираат информации за штабот на британските војски на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)