Тие први требало да влезат во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога тројцата уште оддалеку ја здогледале малата, сè уште нераспознатлива појава, отрчале кон неа, првите двајца несигурни во успехот на своите итроштини, а најмладиот молејќи му се на Господа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, само една ѕвезда не се запали над земјата. Иконописецовата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најсетне, се исправил на нозе и челикот од неговиот нож болснал на сонцето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Првите двајца американски офицери што го напуштиле Вашингтон на 10 мај 1943 година и биле испратени во Каиро за да се инфилтрираат во Југославија биле Џорџ Мусулин и Џорџ Вучиниќ, и двајцата, Американци од југословенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)