Сепак, сега стариот прв стануваше: одеше на пазар колку да го покрие дното од торбата со поевтин зеленчук, па се враќаше дома да ја исрка попарата од млак чај или кисело млеко.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но во заедничката соба доволно беше на еден да не му се учи па да им попречи на сите други да учат - тогаш собата можеше да послужи единствено за да си отпочинеш, ако отспиеш во кусиот период додека последниот се прибира, а првиот станува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)