А мајката прва се спушти и лесно го крена како од фиданка гранка.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Враќајќи се на полето на јазичното прашање, Климент Камилски прв се огласи: Времињата брзо се менуваат. Светот ќе се обединува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Попот се опна да ги задржи, се опнаа и самарџијата и татко му на ибн Пајко, ама тоа не помогна и Бошко, кој истрча пред попот Ставре, прв се нанижа на турското сечило.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Меѓу нив е и стариот стрико Васил кој прв се пресрами да ми каже дека сум трудна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш рапав крик ја наморничави дури и земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Салко Вадидуша прв се стрчна кон колата на својот тест. Другите, чешајќи се, го следеа без брзање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас жените, и воопшто, женските суштества, било да се млади или стари, ги делам на две групи и една подгрупа: Првите се цврсти жени.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако го воспоставија вообичаениот молк од поранешните средби, прв се огласи Чанга: – Идат тешки времиња, не се знае што носи новиот ден...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)