Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
“ Ќе имав ли некаква корист да знаев на времето – како што разбрав дури по некоја година – дека, како што самиот кажал, „хистерично залипал“ штом, поради моето добро дело, ги слушнал првите акорди од песната кон која, само ден потоа, ми покажа онолку длабок презир?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се сеќаваше и на мигот кога успеа да го исвири првиот акорд што личеше на некоја од песните што ги слушаше во тоа време, но не можеше да се сети дали беше „Два динара, друже“ или „Лутка са насловне стране“ (како само вкусот се менува со годините, оти сега никој не можеше да го натера да слуша Рибља чорба).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Следуваа масовни револуционерни песни. По првите акорди, татко ми го затвори радиото. Доста беше за овој ден, и премногу.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)