Отспротива првите брегови се поткреваа над самото џаде, извиено покрај рекчето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)