Таа ги фрли тие „ѓупските" (како ги викаше Илко градските алишта,) уште првата вечер кога се венча со Илка и си запука да си ги носи новите кошули од првата жена на Илка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Многубројни изложби во земјата и надвор од неа. 1916 излегува неговата книга Писма од војната. 1925 се разведува од првата жена и стапува во брак со Mathilde von Kaullbach (Quappi).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Никаква можна комисија не би го одобрила таквиот брак, дури и ако Кетрин, првата жена на Винстон, можеше некако да биде тргната од патот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дедото од првата жена имал две ќерки, меѓу кои и мајка му на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На човекот првата жена ич не му се погоди, ама затоа пак втората е бомбона.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
„Така. Најпрвин господ ги замесил од некое свое брашно првиот маж и првата жена, потоа тие се множеле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја пречекорив првата жена и таа почна да поткашлува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во спротивно, поради детето, ако тоа, како што изгледа, му остане единствено, ќе контактира со неа. Со првата жена.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа првата жена што оди напред, таа е свекрва ѝ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Така луѓето ја препознаваа по улиците, ѝ дофрлуваа погрдни зборови и камења, ја плукаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дедо ти беше силен човек, но бргу скршен по раната смрт на првата жена и маките што му ги донесе новиот живот, со децата, макар одраснати, но сираци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)