Ја дале и првата жртва. Ризо Трјаков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Системот Principia Mathematica е “некомплетен” одн. во теоријата на броеви постојат вистинити тврдења кои не може да се докажат со нејзините методи на докажување. Principia Mathematica била првата жртва на овој напад, но секако не и последната!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Селаните, принудени да го населат градот за да се создаде „новиот пролетаријат” се првите жртви на режимот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На 29 април, т.е. на вториот ден од Солунските атентати, паднале првите жртви од редовите на Гемиџискиот кружок. Биле убиени Димитар Мечев, Илија Трчков и Владо Пингов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа им призна дека секогаш ја сакала само првата жртва, сите други биле само обид за нејзино враќање.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)