Но, веќе со првите звуци, ја сети топлината.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој мој сон го носам со себе уште од моментот кога почнав да ги распознавам првите звуци, зборови и движења.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Крцкањето на снегот под чизмите беше првиот звук што му допре до свеста, зашто сетилото за слух му се врати последно, како што полека во својата глава ја освестуваше средината околу себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кејтен, кој сигурно пред сите ја чул бурата, уште со првиот звук, веќе беше излезен од спалната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На првите звуци од клепалото долината оживе. Од сите бараки и земјанки почнаа да излегуваат луѓе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)