прв (прид.) - знак (имн.)

Во кафулето „Ернест Хемингвеј“ во Скопје баш кога ги почувствував првите знаци на ревматични болки на левото рамо ми се дотркала едно бранче и пред да заспие ми шепна дека веќе ништо не е како во книгите на Хемингвеј: испокинати се старите мрежи во кои се фаќаа љубовните воздишки а и рибите веќе не се по воздишките и по заводливите насмевки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Експертите и економистите алармираат: првите знаци на кризата веќе се пристуни: во Софиско, Плевенско и Варненско се јавува недостиг од извори на слатка вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но кога кај мене се појавија првите знаци на пубертет, се страмев и од сопствената мајка и не ѝ дозволував таа да ме бања.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А со првите знаци на пролетта, кога се топеа големите снегови и жолтиот гороцвет ги прекриваше селските ливади, селото повеќе не беше отсечено од цивилизацијата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сега ‘е раскажам како се родив, како растев и како се открија во мене првите знаци на гениј.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, бев свртен кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Земи здив и сонувај го небото, нашето Чистилиште,“ тивко зборував, како да кажувам молитва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, беше свртена кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е првиот знак дека не станува збор само за човек, туку и за нешто спротивно или спротивставено на олтарот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лекарот се беше решил дури ни на Елена да не ѝ кажува за првите знаци...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Почна да ги забележува првите знаци на незадоволството на своето лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некаде под нас, Џонс се вртеше во својот аквариум, чувствувајќи ги првите знаци на наркоманската мачнина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Југославија неповратно ја губеше погодната геостратегиска позиција меѓу двата блока.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раната медитеранска пролет ги покажуваше првите знаци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзините амбасадори го насетуваа скорешниот бродолом, стануваа последните протагонисти на утописката конструкција која ги покажуваше првите знаци на својата неодржливост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му завидував на смиреноста со која не можев никогаш да се здобијам, да го одржам спокојниот чекор, ритамот на минливоста, небаре презабрзан во некое друго време, да престигнам друго непознато време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како се чувствуваше во тие нови околности за разлика од оној ден кога нестрпливо го очекувал потврдниот одговор на жената која веќе му ги имала испратено првите знаци на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зар не сте виделе мечка! – Одговори Дедо Мраз, исто како и тие, нестрпливо да дојде до белото животно. – Мечкава е првиот знак дека сме близу до светот што го бараме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Семјон се накашла. Првиот знак дека е затечен од некоја непријатна изненада, неговото накашлување ја означуваше токму таа затеченост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како нечија рака ненадејно да му го стегнала грлото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не чини смртта да се прифати веднаш, на првиот знак“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беа првите знаци на неговото тешко поднесување на староста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и првите знаци на неговата болест.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чинам, чувствувам осаменост. Старецот рече: „Тоа беше само првиот знак.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)