„Зошто секогаш мора да биде Јас, Јас, Јас?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И гледајте, но не низ диоптријата на еден илузивен ум, погледнете подлабоко, поминете низ темниот тунел и во првиот зрак светлина пронајдете ја својата духовност, а фацијалниот израз е безначаен, минорен, обезбоен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога кон мугри допираа првите зраци светлина, Климент Камилски конечно го наполни куферчето со нужната литература да се бори со петте опасни зборови, и потоа подлегна, малку да се одмори, бргу го совлада сонот и во него немирен, продолжуваше да ја дополнува смислата на избраните зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
I. На првите зраци од студеното зимско сонце, налактен на масата, згрбавен од долгите години такво седење, старецот отсутно зјапаше низ прозорецот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Итаа кон корзото штом сонцето ќе зајдеше зад „Мерите“, штом месечината ќе ги подадеше првите зраци, а во центарот на градот ќе замирисаше на печен сончоглед и семки од тикви.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога ќе се раздени, кога со првите зраци на муграта, ќе дојдат да проверат, ќе најдат многу пцовисана мачки и суви липи и багреми.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Илија се појавува на вратата кога сонцето е слезено до ќерамидите на куќарчето и првите зраци го затекнуваат на вратата.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Што да прави сега со децата? Што ќе прави ако нешто му се случи, заглавена помеѓу овој град што ѝ стана туѓ, веќе снемилен дом и оваа војна што сите, па и неа ги насели во еден масовен кошмар?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во килавата мугра, Гита Корец гледа кон народните населби и ја чувствува, особено во вакви ледни мугри во кои на небото сенишно се пробиваат првите зраци, неизвесната судбина надвисната над градот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А кога во сивите развиделини на врвовите на околните планини затреперува првиот зрак на сонцето, горе, на ридот, откај превалот почнуваат да се спуштаат по змиестиот пат камионите што во сабајлината поминуваат низ Прењес. Полни се со ранети.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во првите зраци на младото сонце одблеснуваат бисери. Прекршен, наведнат синчец рони солзи роса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На раздрумот - цевки со штикови што блескаат под првите зраци на сонцето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со првиот зрак на свеста во расонетите очи, ќе му ја удри од глава да му ја расцепи (не краставицата, туку главата) и нема да се смири додека не му врати барем со иста мера, како да се на јадец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога ќе се раздени, кога со првите зраци на муграта ќе дојдат да проверат, ќе најдат многу пцовисани мачки и суви липи и багреми.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А кога во сивите развиделини на врвовите на околните планини затреперува првиот зрак на сонцето, горе на ридот, откај превалот почнуваат да се спуштаат по змиестиот пат камионите што во сабајлината поминуваат низ Прењес. Полни се со ранети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ката ден трчаат зад колоната камиони што змиесто се оддалечува по угорнината... на раздрумот – цевки со штикови што блескаат под првите зраци на сонцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се случуваше, често, првите зраци на сонцето да ја згаснат лампата што цели ноќи светеше над татковите книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од далечината на сината вода се доближуваа два бели лебеди, како први зраци на будењето на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе седиме сѐ до последното догорче и до првите зраци темнина.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)