Така од серијата електроакустични дела “во живо” okno.mk | Margina #11-12 [1994] 175 настанаа уште и Имагинарен пејсаж бр.4, за 12 радиоапарати, 24 изведувачи и диригент, и Имагинарен пејсаж бр.5, за 42 плочи џез музика. нешто поинаков пристап кон електронскиот медиј претставуваат тејп-композициите со заедничко име “Микс”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уште послободна форма на наслојување, слична на хепенингот, претставува изведбата на Концерт за клавир и оркестар (1958) кој и самиот е резултат на наслојувањето на 14 незадолжителни делници, а може да се изведува во комбинација со делата од различни периоди на творење (првото изведување на Концертот опфаќаше делници со клавир и диригент, со Дејвид Тјудор и Марс Канингем) - Соло за глас (1958-60), Книга песни (1970), Фонтана микс (1958), Роцарт микс (1965).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во петте дела кои можат да се наслојуваат: 31’ 57.9864’’ и 34’ 46. 776’’, двете за пијанист, 26’ 11. 499’’ за гудач, 27’ 10. 554’’ за тапанар и 45’ за говорник (броевите во насловот на делото го означуваат неговото траење во минути и секунди), Кејџ користи заедничка структура при организација на времето изедначувајќи го текстот што го чита говорникот со музичката композиција (текстот поседува освен вербални, и фонетски и гестикулирачки квалитети).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)