И мојот не го пие првото кафе пред да отвори весник. Одзади.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Снегот што наврнал преку ноќта ја беше скрил сета друга грдотија на градот, и сликата што сега ја гледаше пред себе беше прекрасно и неверојатно чиста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Полека отпиваше мали голтки од првото кафе и ги гледаше ретките снегулки надвор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го пиеја првото кафе седнати еден спроти друг во холот на неговиот хотел и без зборови си признаваа дека во очите еден на друг си личат на претепани кучиња.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Утредента, кога се подготвував да тргнам на училиште, ѝ пријдов на мајка ми додека ја палеше „првата цигара крај шолјичката со првото кафе“ (како што има обичај да рече) и истовремено си ги шминкаше очите, и ја прашав отсечно и строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)