прв (прид.) - книга (имн.)

„Погледнато наназад, првата книга беше наивна“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сепак, пред една година се распродаде оригиналниот тираж од 10 000 примероци, што беше една од причините да го направи продолжението, „Екстази и Денс културата“, своевидна ревизија/ремикс на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доколку сакате врз мене да ги примените библиографско-биографските критериуми, можам да речам дека првата книга ја напишав доста рано, а потоа осум години не напишав ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По завршувањето на Филозофскиот факултет во Букурешт (1928-32) Сиоран ги пишува своите први филозофски текстови вклучувајќи се во „Генерацијата 27“ заедно со Елијаде, Јонеско, Вулканеску, Нојка, Цуце. 1934-та му излегува првата книга, На врвовите од очајот, барокна и експлозивна, незаобиколна и клучна за неговиот понатамошен опус.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еден џемпер да ме грее, кога ми студи, сив како небото на првата книга од која ноќта надојде како река, кога ми се стемни.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Крај на првата книга и Богу слава и фала!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така изгубив еден добар пријател, првата книга што ја засакав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше првата книга што ме зграби и понесе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поголемиот дел од преостанатите години на својот живот таа ќе го мине пишувајќи написи и книги за своите патувања низ светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
122. Георги Баласчев (1869-1936) од Охрид е историчар и публицист, познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на ММКД, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за „лозарското” движење „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци…” (Софија, 1890).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Крај на првата книга
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Запре на шестото поглавје и започна да чита за епизодата кога со свештеникот водат голема и грациозна дебата за книгите на рицарот Дон Кихот од Ла Манча, кога дел од неговите книги се запалуваат, а останува спасена незапалена само првата книга за ритерството печатена во Шпанија во 1490 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште со појавата на првата книга раскази, „Пасквелија“, Живко Чинго побуди интересирање во литерарните кругови, особено кај критиката: стануваше јасно дека се јавува еден автентичен раскажувач чија проза произлегува од еден изграден литерарен свет, чие раскажување потекнува од некои најдени системи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во првата книга на Живко Чинго сѐ уште само загатнати овие компоненти добиваат поширок простор во последниве негови раскази.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Минатата година во библиотеката на Quorum му беше објавена првата книга „Glasovne promjene”, од којашто ние преведовме неколку песни што ги сметавме значајни (во, да речеме, „(авто)поетичка” смисла, како, на пример, песните Повик, Carmina, Paperwork; или во некаква „политичка” смисла, како на пример песните На ова место и Далечина) за нашево списание и нашиот контекст.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На така доживената поетска материја, на мотивот, на душевниот и духовниот поттик на овој циклус укажуваат неговите стихови и податокот дека песните означени со броевите 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 се првите напишани песни пред педесетина години, непосредно пред мојата прва книга „Дождови“ (1956).
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Но за да се раскаже целата приказна за единствената Мајкина книга во Татковата библиотека, покрај светите, мора првин да се раскаже како првата книга, од 1939 годи­на, беше заменета со изданието од 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во фаталната 1997 г., продолжи неговото преведување на мојата балканска сага по успешното објавување од страна на Фајар на првата книга Времето на козите, која доживеа несомнен успех кај француската книжевна критика и рублика, за што веќе ви пишував, но не е исклучено повторно да ви пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност книгата Времето на козите, добро сте согледале, во Франција е објавена пред првата книга на сагата Татковите книги, претставуваат еден вид мемоари на тишината на едно сиромашно, но среќно семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првин тоа беше мојот татко, кој, како што пишувам во Татковите книги, с додека беше жив, дури во залезните години ги читаше првин моите новинарски прилози од еден долг период, а потоа и првите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во овој град Ѓон Бузуку во 1555 година ќе ја печати првата книга на албански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги објавува книгата песни Месечина преку патот и збирката есеи Истражувања, која подоцна нема да сака да ја објави. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 223
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1923. Ја објавува првата книга поезија, Воодушевување од Буенос Аирес, и повторно со семејството заминува во Лондон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1926. Уште една книга која никогаш веќе нема да се објави со негова дозвола: Обемот на мојата надеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1925. Ја запознава Викторија Окампо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под тие импресии ја напишав првата книга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Отидов во собата и ја зедов првата книга од мојата поличка што ми падна на рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми божем заинтересирано ја разгледуваше, но не рече ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)