Пушката беше сега негова прва мисла, прва грижа и знаеше дека не ќе може да се ослободи од неа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се качивме во авионот. Првата мисла кога седнав во авионот ми беше АПСУРД.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Утрото, уште пред да излезе од собата, првата мисла на Марија ѝ беше - да бара работа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
– Да им тргнам по еден пиштол в чело? – беше првата мисла, но му се виде блага казната според престапите на осудените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште кога тој блокот го купи во Атина, тоа му беше првата мисла на којашто ѝ стана заробеник: Ако успее да го изнапише сите непарни страници на зелениот блок, ракописот ќе биде добар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Калуѓерот збунето се прекрсти неколкупати, но изгледа, прва мисла му беше не да ја теши и тој разлипаната жена, туку да види што се случува со гавазот, кој би можел, чувајбоже, заинтересиран од вревата, да влезе во црквата со исукана сабја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И првата мисла дека тој се шегува. И моментот, кога мораше да поверува. Та Претседателот имаше здрава куќа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ЗА ПОУБАВ СВЕТ СЕ БУДИМЕ НАУТРО и веднаш, првата мисла, првата желба ни е денот што е пред нас да ни биде убав, а тоа значи успешно да си ги завршиме сите работи за тој ден, да бидеме здрави, да бидеме добри и да не ни се случат никакви непријатности.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)