На авторот ќе му бидат потребни дополнителни петнаесет години за да го оствари ова внатрешно патување, за да се врати кон тоа што жестоко го обележало, одржано во инстинктот на спасувањето, задржано по првите налети на заборавот: „Нека останат спомените длабоко вкопани во мене, дури до заборав, сѐ додека ферментирањето на животот не одлучи да ги исфрли на површина, сѐ до мигот на оваа книга...“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Под ударот на првиот налет на аскерот и башибозукот во Солун, покрај Македонци-егзархисти, паднале и 12 патријаршисти, речиси сите Грци 159.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Па така првиот налет на тоа ноќно завивање за миг го прекина неговиот сон, за миг ги затегна неговите мускули и го стави во состојба на полна готовност пред оваа страшна опасност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)