Во тоа двоумење како да ѝ пристапи, му пречеше тоа што виде дека таа знае да биде не само независна туку и горделива, не само остра туку и груба, па да го одбие уште при првиот обид за приближување или додворување, како со сечило што скока прво со блесок, а веднаш потоа со удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зарем веќе! Седеше тивко како глувче, во залудна надеж дека кој и да е на вратата ќе си замине по првиот обид.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓутоа, востаниците биле од сите страни опколени од воените сили на Џеладин-бег од Охрид, Али-паша Јанински и Лобуд-паша од Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Мечев и неговите другари одговорија оти ништо не ни гарантира дека по првиот обид нема да бидеме фатени, дека немаме динамит и слично.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Одлучи да проба. Првиот обид се случи во сообраќајниот шпиц на Партизанска.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)