А заспа по првите петли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Уште во четвртокот намеси погачи, искуба три четири кокошки, наполни кутии со маст, сирење и одвај дочека да пеат првите петли за да ја напушти омразената Брлева куќурка и да стане вистинска жена на саканиот и славен арамбаша Толе-паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Андон се прости ноќта со жената, ги избакна децата и таман првите петли пропеаја, го разбуди Толета и заедно отидоа во племната, откаде ја измодкна берданката и пиштолот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Цела ноќ се распрашуваа за роднините, за брат му, тате, мама, чичо, за челадта, за живеачката, сѐ до првите петли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Петре Даскалот наш тогаш нѐ учеше на сметање, а од сметањето бате Јоле бегаше како ѓаволот од први петли.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Некаде пред да зазори, пред да се огласат првите петли, почнуваа со работа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пред првите петли ги разбудија снаата Трајаница и внуката Ѕвезда. Стишено им кажаа што наумија.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И така сторила. На први петли станала, од котлето си потурила од езерската вода, се измила, чиста шамија си врзала, пред икона се прекрстила и молитва си кажала.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Прости ми, мајко, не сум ги слушнала првите петли. Па навреме да станам, заедно да ги вапсаме јајцата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Чиниш, точниот одговор, кога би бил најден, за црните луѓе би бил истото што и првите петли за вампирите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа го знаеме и по надвикувањето на првите петли, а и по долгото чекање да згасне веќе еднаш виделината во куќата на кметот. И згасна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дента станавме рано, со првите петли. Слеговме во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На Велигден или Божиќ тој ќе ме разбудеше со првите петли, и одев свечено облечена, меѓу првите во црква на причесна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)