XIV Како што Татко, во времето на комунизмот кое се совпадна со неговиот триесетгодишен егзил во Југославија, ја криеше својата најзначајна историска епизода од целиот свој живот, средбата со Ќемал Мустафа-Ататурк, основачот на нова Турција, во 1920 година, на Принцовите острови близу Цариград, во резиденцијата на својот вујко Фетхи-беј Окијар, првиот премиер на новата Турција, така Мајка ја криеше, заедно со Татко, средбата со тогашниот министер за надворешни работи на фашистичка Италија грофот Чано, во 1939 година, во Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко ја почувствува нејзината притаена вознемиреност и продолжи: – Ти знаеш, мила, јас цел живот ја криев од децата, па дури и од тебе, мојата „отоманска врска”, моите роднински врски со првиот премиер на Ататурк, со мојот вујко Фетхи-беј Окијар.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, повеќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)