По првата прошетка по територијата на стопанството, тој не само што сосема ги заборави предупредувањата на Чана и Митра дека е опасно сам да шета колку на страната на големата река, толку и на страната на каналот, туку следните негови истражувачки походи беа по внатрешноста на Острово во потрага по слатки плодови.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со овие мисли и со речиси утврдена мисија, тој се упати дома... II Татко се врати од првата прошетка низ градот, а Мајка, чекајќи го загрижена, на чардакот, по напорниот ден, ја беше фатило лесна дремка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)