Минеа дни и секој носеше нова подробност во развојот на оваа љубов, нова точка во изградувањето на овој
дијалог со кој требаше да почне едно познанство, меѓутоа решителниот чекор никогаш да се направи, и никако ни првата реченица да биде изговорена пред онаа на која ѝ беше наменета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Хорацио се обидуваше да ми помогне, на свој начин: со премиери, „провокативни книжевни дела“, и особено, со неговите приказни, како и секогаш, неодоливо шармантни, кои постојано ми ги нудеше на дофат на очите и ушите, но што за тоа, кога мојата, инаку леснорака имагинација, сега се парализираше пред да ја напишам првата реченица од расказот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Томо уште од првите реченици почна да ѝ го „мери“ умот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во мигот кога ја прочита само првата реченица, студена леденица ѝ се слизна низ ’рбетот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Присутните сѐ уште не знаеја за што се работи. Ружа тресејќи го парчето хартија ја прочита само првата реченица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сум сретнал уредници кои можат да проценат ракопис едноставно погледнувајќи ја првата реченица.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа додуша беа нејзините почетнички раскази - еден ден ја напиша првата реченица, во македонска поддршка и со единечен проред, зборовите се протегнаа, направија утринска гимнастика, и оттогаш не можеа да сопрат.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тој ги собирал „шарките и белезите од животот... закачени и виснати како избледени панделки и крпчиња по глоговите, по плотовите“ - речено со зборовите на баба Ристосија од Горно Село - но паралелно со тоа трагал по онаа единствена заедничка приказна на човештвото со која и ја отвора својата книга: „Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ“ - гласи првата реченица од првиот расказ на книгава (Ноќта спроти Свети Никола).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во расказот со препознатлив наслов „Liliana place“ се обидувам да ја прочитам, се разбира смешно, првата реченица: „Esteze je to Ramos, a nie iny lekar, s nim sa vzdy dalo dohodunt“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Карл, кој го слушаше разговорот, не ја разбра првата реченица што ја кажа Марша...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Една од првите реченици на Мусолини во италијанскиот парламент беше: „Ова глуво и мрачно место можев да го претворам во логор за моите манипули“ - „манипули“ се единиците од коишто се состоела традиционалната римска легија.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тоа е Шредингеровата формула на бранови функции, која исто така е и прв елемент на Бемовата алтернативна теорија, ми се чини, како и првата реченица од приказната на некој друг пар.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во третиот ден, кога снегот стигна до долниот раб на пенџерата, таа ја напиша и првата реченица во белиот лист.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но во собата токму во моментот додека ги составуваше првите реченици од писмото за другарката Маре влегоа другарите. Навистина не ги очекуваше...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)