Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
За волкот веќе може да се зборува како за тежок депресивец, веројатно поради сексуалната фрустрација во првиот случај (Црвенкапа) и недостатокот од политичка моќ (во областа на урбанизмот) во вториот случај поврзан со градежните активности на прасињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во првиот случај знаеш добро дека одовде внимаваме на скалите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во првиот случај се сака покажување на “таинственото” единство на светот со комбинирање на најразлични фрагменти на битието: concordia discors.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Интроспективното трошење пари се разликува од ’обичното’ само по тоа што оној кој троши во првиот случај има малку повеќе чувство на вина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И тој уште од првиот час реши тврдо во себе си при прв случај да му каже на Белича да се вратат.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Значи, намерно или од некои други причини, Стојна се обиде да одглуми дека го заборавила првиот случај и писмото што го испрати се појави (но не знам кој го виде) дури по случајот број два, или, преведено на обичен јазик, со десетина години задоцнуваање.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Првото легнување на Стојна, што таа намерно сакаше да го забошоти, се беше случило кај нашата воденица покрај Пребег.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Првиот случај беше со гаќичките. Имаше другарка Оливера Срезовска едни црвени, крос- гаќички.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беше прв случај толку одблиску, толку вистински да ја видиме нашата смрт.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во акционерските друштва, вработените го имаат правото да имену- ваат 1/4 од неизвршните членови на Одборот на директори, во првиот случај, односно 1/4 од членовите на Надзорниот одбор во вториот слу- чај, но само ако друштвата имаат 300 или повеќе вработени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во првиот случај, во 2000 година, дојде до мала, но сепак важна промена.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)