Кога дојде првиот список со парите за џепарлакот, на него нашите имиња беа напишани на грчки.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога ме запозна со Илона, денот кога Чехињата ни го донесе првиот список (потоа следеа многу такви) со имиња и презимиња крај кои беа наведени и други податоци за жените што требаше да ги испраќаме со комбе во Бар, за потоа да бидат префрлени со брод до Италија, кај нашиот соработник Бенедито Лучијани во Бари, ми рече: „Ние сме заробени од слободата што ја приграбивме.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)