Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа сеа кога ги видоа во анот потковичаните и над сите нив извишен Лазора, и едните и другите, и дружината Хаџи Ташкува и Арнаутите, прв Хаџи Ташку, навалија на Лазора да се согласи да се збори со Иса.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)