прв (прид.) - час (имн.)

Ти ги дарувам првите часови од омилениот твој ден првичен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не продолжи онака како што тоа го стори на првиот час.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ташко знаеше дека мајка му е таму, зашто утрината со татко му биле и затоа задоцнил на првиот час. „Мамо! Мамо!“ викашеТашко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Третиот ден - по големиот одмор - имавме час по географија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко го немаше на првиот час. Загледував накај празното место и размислував што ли можело да му се случи...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И веднаш на првиот час доживеав пријатно изненадување: во оркестарот ја видов СОЊА.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
МАМО, ПОКАЖИ ГО БЕБЕТО
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо внимателно ги собираше сликичките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа му го рекла на Љупчо - уште првиот училиштен ден, уште првиот час.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да одиме бебето да го видиме“, предложи Ташко, а ние се сложивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Соња купила албум - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И фативме да се смееме. Можеби од жал дека Кате го однесе црното кутре.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веднаш од првиот час географијата многу ме заинтересира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Големите си свират со електрични гитари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дура кога на првиот час учителката вршеше прозивка, таа во прв момент не стана кога изговори „Груда Дојчиновска”, па откако никоја не стана туку сите погледнаа во неа, најпосле сфати дека тоа е таа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше прв час, час за одделенскиот раководител, а тоа кај нас беше Фискултурецот: дваесет и осумгодишен човек, глупав колку што не може да се замисли, речиси ќелав, разведен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас бев најдобриот на разбој (вистински виртуоз бев!), но Фискултурецот не ме сакаше; од првиот час ми покажа дека е рамнодушен кон мојата уметност на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Моите машки геј-студенти, кои на првиот час ми имаа навистина кажано пријатни и предвидливи работи, како на пример: „Се запишав на предметов зашто цело време откако сум на факултет сакав да имам ваков предмет“, набргу почнаа да се однесуваат како расколебани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А кога би знаеле дека, еве, цел месец, од првиот час, сум ѝ мајка, сето тоа би се попрскало со луга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ноќта е долга,есенска, за еднниот студена, за другиот и студена и вечна, во неа човекот може да се открие поинаков отколку што мислел дека е од првиот час на узнавањето до пред умирањето, наеднаш, на чекор од скончувањето, да најде во себе нејзино суштество што живеело некогаш или што ќе живее еднаш во иднината на времето и изменетите пространства.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во првиот час кога го отворија вратничето, кога се најдовме очи в очи со Големата вода, мислев дека сепак некое од децата ќе прибере малку сила и ќе излета, ништо не ќе може да го задржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само првиот час изгледаше дека нема да може лесно да се комуницира. Но, тоа брзо се надмина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Првиот час географија. Гласот на ѕвоното не го смирува урнебесот во класот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, не само тоа: почнува да ги симулира првите часови летање, а тие часови се сметаат за стварни при вреднувањето на искуството на пилотот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пуста Недо, пуста, арам да ти е живота! Mope ќе му се опула утре ошче на првиот час, та да знам оти и прачка ќе јада“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КРТОВИЦА: Ништо не кажува! МАЛИОТ: Да не нѐ игнорира, а?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Од првиот ден и првиот час!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Наставниците уште на првите часови од второто полугодие забележаа дека Мирко дојде многу поподготвен.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Уште во прво одделение започнаа проблемите со него, што се вели уште од првиот час.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не продолжи да ни зборува за снегот како што тоа го направи на првиот час.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Не, не може! Тоа е традиција: на први семтември училишното ѕвонче да ѕвони за првиот час, особено за првачињата!“ рече Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Им поставија старешини и заедно со нив ги почнаа првите часови на подготовките за тоа што од денес па натаму ќе ги чека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот од кого ги добив првите часови од уметноста беше Emilio De Antonio - кога го запознав, сѐ уште работев како рекламен цртач. (...) Де беше првиот човек за кој знаев дека рекламните цртежи ги смета како “вистинска” уметност, и тој направи тоа, на тој начин, да го види целиот Њујорк.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И тој уште од првиот час реши тврдо во себе си при прв случај да му каже на Белича да се вратат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И така, застани овде, погледни онде, пооди малку, почекај малку, врати се чекор-два и сè со тоа “има време“ двајцата делии не стигнуваат на првиот час.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
_____ 9 Ни мајката Перса ни мајката Пелагија не мораа да го молат дедо Господ да направи убаво време во денот кога ја однесоа малечката Пелагија на првиот час во училиштето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не ја потсетува зошто таа не дошла да го донесе Дончо на првиот час во училиштето туку ја испратила Митра, не почнува разговор за тоа што децата не се во едно одделение а не ѝ ни кажува дека на Пеличка ѝ се падна една многу добра учителка, Како онаа од Долнени, сакаше да проговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа се случи на првиот час. Учителот Мирчевски ги распореди своите ученици: помалите напред, поголемите назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)