Првиот да одиш исправно, вреден, тврдина, бедем на одбрана луда, во овие времиња, на онаа што вреди.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сигурно Весна седи облечена во долгата спална, тажна што мора прва да легне.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без вас, ценети сопруги, тешко ќе си ја постигневме замислената цел...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски очигледно беше подготвен прв да говори, и ова Татко јасно го почувствува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако бидам онака природна, ќе може од прва да прочита колку часови од ноќта сум била будна во темнина, според круговите под очите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Никој не може да го извади од кожа затоа што овде никој не смрди, никој не се шверцува и не се бутка за прв да влезе.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во градината собирам само црвени пиперки и патлиџани, црвени јаготки и црвени јаболка. ,Ирфане Пољубулгаре", ми велат. ,Ирфане, Ирфане", велам, не чекам улавиот прв да ми се тргне од патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Евидентно е дека се остава една законска резерва што, во праксата, остава широка можност за злоупотреба, преку класична уцена од страна на помоќната страна (работодавачот), врз фактички послабата страна (работникот) – првиот да бара вториов „доброволно“ да се откаже од своето законско право да не работи прекувремено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)