Нѐ кани на гости за првомајските празници. Што велиш, да одиме?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Овде сме на продолжен викенд, оти цели пет дена не се учи и не се работи поради првомајските празници.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Урната на Пане Скендеров е на Мирогој. Велат дека таму секогаш има свежо цвеќе!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ја паметам како ги подготвуваше јагнешките цревца за првомајските празници.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И колку повеќе џагор ќе имаше во нашата куќа за првомајските празници.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се омажи и има едно или две деца, незнам.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)