Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа започнуваа да работат, а тоа значеше дека тој доскокнува во предниот двор на секоја куќа и ги зема кантите со смет и ги донесува до камионот и ги исфрла од нив отпадоците и уште еднаш ги удира по металниот раб со што испаѓаат корките од портокали и корките од дињи и почнуваа да го исполнуваат празниот камион.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во преден двор, младите на пластична гарнитура за седење, во задниот, натртени возрасните... плеват.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)