Ќе го пуштев телевизорот, а на сите програми постојано даваа само вести околу предизборните кампањи на партиите за изборите што следеа за некое време.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)