прекрасен (прид.) - мозаик (имн.)

Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мама вели дека се распарени и баба со години ги собирала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подредени според големина и различни бои - небаре некаков прекрасен мозаик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога бев малечок баба ми даваше да ги нижам на синџирче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)