А најубави од кејовите се оние во центарот, во просторот на осумте мостови и на дунавската ада Маргит-Сигет, која е претворена во прекрасен парк за одмор и рекреација, и на млади и на возрасни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во близина на Кемер се протега планината Таурус со убава борова шума, па, оттаму доаѓаше свежина, од друга страна хотелот имаше прекрасен парк со многу дрвја и сенки, а собите беа климатизирани.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)