Сепак, кога умре викнаа поп, го очитаа и се вратија удавени од жега и прав, за да чујат по неколку дни - вечерта еснафот донел на пресниот гроб тапани и ракија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Повеќе пресни гробови, наредени еден до друг, на секој од нив на штица испишано името и презимето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Божем нежив човек, туку сениште излезено од пресен гроб.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште првата ноќ по муслиманскиот погреб во новата џамија на ибн Бајко, Тодора викна двајца кулукчари и тие го откопаа од пресниот гроб телото на Петрета.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ќе слезам до селото, Ѕвездо моја, на дедо ти свеќа да му запалам - девет дена станало - ако нема свеќа, солзи да му капнат врз пресен гроб.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- ОФ, ЛЕЛЕ, ЗЕМЈО МАЈЧИЦЕ, престорена пресни гробови... Леле, на Беласица чеда непогребани... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Одвреме на време Кузман ја збираше земјата со лопата и ја фрлаше во еден ќош: гробница, во гробницата пресен гроб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така, дури вечерта, некогашниот железничар, татко на четири сина, го насади дрвцето на уште пресниот гроб од својот оддамна умрен Митруш.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку вдовици сакале веднаш да појдат со расплетени коси и да ги побараат пресните гробови на своите луѓе, да поклечат со наведнати глави и со запалени борини над покојниците, да ги прекорат што ги оставиле самохрани и со нејаки деца, да ги обележат местата со нишан што ќе се памети, еднаш, по некоја година, синовите или браќата или тие самите со кош да ги пренесат коските на мачениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не само тој: другите имале чекани и железни лостови, алат за камен и орудие или оружје за дојденци со мирис на пресни гробови во косите и во брадите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пелагија последна стана од пресниот гроб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Рацеве уште ми мирисаат на земја. На пресен гроб ми мирисаат и ми е страв да го допрам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Крај нив забележа два пресни гроба.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)