Колку ли пати пресилните зборови биле причина за братоубиствени војни во балканската историја?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Велеше уште оти пресилниот збор може да убие како куршум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Размисли - можеби во писмото имало пресилен збор за кој немало место во нејзиното чисто и невино срце.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Еднаш животот се живее но се умира често од пресилен збор или само така од несреќи разни или од цврста режимска рака.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И не сакаше, не можеше да ја наруши оваа света семејна тишина која беше вистинска внатрешна тврдина што не можеше да се освојува со погрешни, пресилни зборови...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во зборот се кријат непознати пејзажи, миризби на исчезнатите времиња, но во пресилни зборови демнат и опасности, кои можат да заведат, неочекувано да експлодираат, да разделат, раскараат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)