Очите му светат како јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И јас веќе можев да видам како од една разнина се исправа оживеана изветвеност на некого што бил и останал само сенка и спомен на своето минато, победник на својот пораз, исправен е и ги подава празните ракави кон мене или, доколку сум мртов за него, кон некого од некогашниот свој живот, а во неговата празна утроба се одмотува клопчето на агонијата и го враќа претсмртниот час на тој призрак - ќе му се исповеда мртвиот на животот, ќе не плисне со тајни и ќе не повлече очајни со себе во бездните на невратот, на тоа ништо, на тој измислен акварелен портрет потргнат од есенски дожд.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)