Се забележува дека оваа уставна измена, како и многу дотогашни, повторно е во насока на кратење на уставно загарантираното граѓанско право на жалба [ius appellatio] – кое сега останува загарантирано само во судските процеси, додека во управните постапки е оставено да биде регулирано со закон – односно, de iure, тоа повеќе не е уставна материја, земено stricto sensu. 15. Проблематиката на заштита на работничките права пред судовите е регулирана во Делот III [Посебни постапки], Глава XXVI [„Постапка во спорови од работните односи“] и, сè на сè, опфаќа вкупно шест члена (чл. 404-409, ЗПП). 28 којшто беше изменет и дополнет (2002) – а потоа, поради обемот на интервенциите, беше изработен и негов пречистен текст.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Топлификација“ – Скопје е конституирано како акционерско 233 друштво во приватна сопственост [Извор: Статут на друштво за производство и дистрибуција на топлинска енергија, Топлификација АД – Скопје (пречистен текст), мај 2009].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со овој амандман, кој е дел од корпусот уставни интервенции за т.н. „реформа на правосудниот систем“, се замени дотогашниот чл. 15 од Уставот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сега основицата за пресметка на испратнината е просечната нето-плата на работникот во последните шест месеца пред отказот, но истата да не биде помала од 50% од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најновиот пречистен текст на Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите, објавен во Сл. весник на РМ 20/2005, ги опфаќа: Тарифата за награди и надомест на трошоците за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 23/93); Одлука (Сл. весник на РМ, 4/94); Одлука за измена на Адвокатска тарифа (Сл. весник на РМ, 80/02) и Одлука за измени и дополнувања на тарифата за награда и надомест за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 14/05). 9. Според ЗПП тужителот може да ја повлече тужбата – без сог ласност од тужениот, пред да се впушти тужениот во расправање за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според актуелниот ЗРО – работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди: 1) вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подго- товка, односно квалификација; 2) стручно оспособување – обука, 286 преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач; или 3) нов договор за вработување [пред от- каз] (чл. 96, ст.1, т.1-3 од ЗРО). A, пак, во случај на прогласување за технолошки вишок, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина – како негово неотповикливо право, и тоа според следниве критериуми: а) до 5 години поминати во работен однос = во висина од една нето-плата; б) од 5 до 10 години работен однос = две нето-плати; в) од 10 до 15 год. = три плати; г) од 15 до 20 год. = четири плати; д) од 20 до 25 год. = пет плати и 6) над 25 год. = шест плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Топлификација“ АД – Скопје е монопол во сферата на производство и дистри- буција на топлинска енергија во РМ, а цената на нејзините услуги ја регулира Регулаторна комисија за енергетика на РМ, како независно тело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доколку постои можност пренесувањето да предизвика сериозни потешкотии за работниците, тогаш задолжителната консултација со синдикатите може да се ограничи, доколку за ваквата работа се одлучува на арбитража (чл. 68-б, ЗРО/05 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
За оваа проблематика види повеќе во анализата за примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација изготвена од Вера Коцо, пензиониран судија во Врховниот суд на РМ, достапна онлајн на http://www.ihr.org.mk/images/pub/IHR-brosura_web_diskriminacija.pdf. 12 Чл. 13 од Законот за инспекцијата на трудот – Пречистен текст (2002). 17 стапи на работа на денот кога е предивдено, ќе се смета дека не засновал работен однос доколку тоа не го пријавил истиот ден!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО/03 – Пречистен текст); и, второ, беше избришана одредбата која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека поднесувањето на барањето го задржува извршувањето на одлуката – сè до донесувањето на конечна одлука кај работодавецот, освен во случаите утврдени со закон; б) втор инструмент се приговорите против одлуката за отказ, било да е со или без отказен рок; како и против одлуката за суспендирање т.е. оддалечување или времено отстранување од работното место (чл. 91 и 93, ЗРО/05); в) трет инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска (парнична) постапка, со која се иницираат т.н. работни спорови (чл. 181, ЗРО/05); 28 и г) четвртиот инструмент, по ново, е спогодбата т.е. „компромис“ за доверување на настанатиот спор на посебен мировен совет, доколку станува збор за индивидуален спор или, пак, на арбитража – ако станува збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05). 29 28. Со својата шеста одлука по повод ЗРО/ 05 (У. бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007)
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
• прво, беше избришана одредбата која предвидуваше дека работодавецот, пред да воведе вакви промени, должен е претходно да ги информира работниците и синдикатот за видот на промените и нивните последици – што, иако штуро, сепак, на одреден начин, го афирмираше начелото на заемност и солидарност (чл. 135, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во овој случај, конкретниот работник има право на годишен одмор со т.н. минимално времетраење, кое не може да биде пократко од десет работни дена; б) договор за вработување со скратено работно време кај по- веќе работодавачи (т.н. двоен работен однос) – којшто има за цел постигнување на полното работно време определено со Законот (чл. 49, ЗРО/05 – иако слична одредба веќе постоеше во чл. 39 од ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според неа – работодавецот беше должен, во случај работникот да одбие да работи поради немање доволно безбедни услови, веднаш да преземе мерки за отстранување на непосредната опасност за животот и здравјето на работникот (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20. Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, заради остварување на своите економски и социјални права од работниот однос, работниците имаа право на штрајк, во согласност со закон (чл. 79, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Останати промени во сферата на отказите, воведени со носењето на ЗРО (2005) се следниве: • кај листата на неосновани причини за отказ даден од страна на работодавачот (чл. 77, ЗРО/05), симптоматично е тоа што, намерно или 37 не, е испуштено „стручното усовршување за потребите на работодавецот“ (чл. 121, ЗРО/03 – Пречистен текст), што наведува на заклучокот дека оваа причина од неоснована е трансформирана во основана – т.е. дека работодавачот, во овој период, кога работникот се доусовршува, може „оправдано“ да му даде отказ!?; • воведена е можноста работодавецот наместо да го „избрка“ работникот поради лични причини на вина, да му изрече парична казна поради дисциплинска одговорност – во износ кој не може да биде поголем од 15% од последната исплатена месечна плата, и тоа во траење од еден до максимум шест месеци (чл. 84, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
3. Паузи, одмори и отсуства а) со новиот ЗРО (2005) се избриша една од најексплицитните одредби од стариот ЗРО (1993) во поглед на паузите – тоа беше онаа којашто предвидуваше дека „одморот, во текот на работата, се организира на начин на кој се обезбедува работата да не се прекинува, ако природата на работата не дозволува прекинување на работата или ако се работи со странки“ (чл. 45, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): • прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); • второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); • трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Претходно, пак, постоеше стар ЗПП (1998), којшто беше изменет и дополнет (2002), а потоа и изработен негов пречистен текст 3 – поради обемот на интервенциите.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Петнаесет години подоцна, при носењето на новиот ЗРО (2005), одредбата која предвидуваше дека работник на кој му престанал работниот однос поради деловни причини, има право на приоритет при вработувањето кај работодавецот, доколку овој има потреба од работник со иста стручна подготовка – но, сега, само во периодот од две години (чл. 142, ЗРО/03 – Пречистен текст), беше заменета со уште построга формулација: „Ако работодавачот го откаже договорот за работа поради деловни причини, тој не може, на истите работи со иста стручна подготовка и занимање, да вработи друг работник – во рок од една година од денот на престанокот на работниот однос“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
б) Во делот на материјалната одговорност на работодавачот, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) е избришана експлицитната одредба којашто предвидуваше дека, доколку, во рок од 15 дена од конечноста на одлуката, работодавецот и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, којашто му е предизвикана на работникот, тој има право – со тужба, да бара надомест на штетата пред надлежниот суд (чл. 112, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи – кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 27 • исто така, повеќе на постои одредбата која велеше дека надлежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот, на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни – ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – Пречистен текст). 2.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
8. Треба да потенцираме дека со ЗРО (2005), во доменот на засновањето работен однос, беа избришани две важни одредби: • прво, повеќе ги нема одредбите со кои се пропишуваше кој работоводен орган ја носи одлуката за потребата од засновање работен однос, како и онаа за изборот од пријавените или упатените кандидати (чл. 12-13, ЗРО/03 – Пречистен текст); • второ, веќе не се предвидува заверка на договорот за работа (по ново, „договор за вработување“), од страна на Заводот за вработување (чл. 19, ЗРО/03 – Пречистен текст) – па, дури, ни во случаите на најнетранспаретното т.н. непосредно обезбедување работник, од страна на самиот работодавец (по ново „работодавач“) – чл. 22, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Промените, главно, се сведуваат на следново: а) одредбата која забрануваше работничка од областа на индустријата и градежништвото да може да се распореди на ноќна работа, ако работата во тоа време би ја оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа – во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден (чл. 71, ЗРО/03 – Пречистен текст) беше заменета со порестриктивна одредба, која сега забранува само вршење на подземни физички работи во рудниците од страна на жени (чл. 160, ЗРО/05); б) кај бременоста дојде до две позитивни промени – се воведе забрана работодавачот да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не му ги достави заради остварувањето на правата кои ѝ следуваат при бременост (чл. 163, ЗРО/05); а во т.н. постнатален период, односно една година по породувањето, се воведе и посебна дневна платена пауза, од час и половина, за доење на детето од страна на мајката -доилка (чл. 171, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со носењето на ЗРО (2005), во оваа потесна сфера, дојде до следниве две промени: а) се избриша одредбата кој предвидуваше дека трудовиот инспектор е должен да постапи по барањето на работникот и да го извести за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето 58 право (чл. 149, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А за обезбедување на услугите, ако работодавецот побараше, Бирото беше должно да формира и посебна комисија (чл. 137, ЗРО/03 – Пречистен текст). 44
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
г) кај основите за платено отсуство на работникот останаа само т.н. „семејни причини“, а се избриша основот за платено отсуство од работа поради полагање стручен и/ли друг испит за потребите на работодавачот, коешто можеше да трае и над седум дена во една календарска година (чл. 55, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Реалноста е уште посурова ако се има предвид дека голем број граѓани се дел од „сивата економија“, која 33 г) исто така, за прв пат, изречно се предвиде дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеци последователно, имаат право да покренат иницијатива, пред надлежен суд, за престанок на работодавачот (пр. стечај) – чл. 67, ЗРО/05; д) не се даде доволен аргумент зошто е избришана одредбата која предвидуваше дека на работникот му припаѓа зголемена плата за работа во деновите на празници во кои не се работи, за ноќна работа и за работа подолга од 40 часа во работната недела, во висина утврдена со колективен договор (чл. 82, ЗРО/03 – Пречистен текст); ѓ) според ЗРО (1993) работниците имаа право на надоместок на плата за време на прекин на работа до кој дошол без нивна вина – на пример, при недостаток на енергија, суровини, репроматеријали или отстранување дефекти – но, висината на надоместокот не беше утврдена (чл. 73, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако, пак, работникот, во рок од три месеци од конечноста на одлуката, не ја надомести штетата утврдена со 61 одлуката на работодавецот, тој поведува постапка пред надлежниот суд (чл. 108-109, ЗРО/03 – Пречистен текст); • од друга страна, пак, за прв пат експлицитно се предвиде можноста за т.н. паушално обесштетување, но само во ситуација кога утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци и само под услов случаите на штетните дејствија на работникот и висината на паушалот да се претходно определени со колективен договор (чл. 157, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1. Беа избришани неколку експлицитни одредби: • меѓу нив беше и онаа која предвидуваше дека, во остварувањето на поединечните права од работниот однос, работникот има право да бара заштита кај работодавецот, пред надлежниот суд, синдикатот, инспекциските органи и други органи – во согласност со закон (чл. 143, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
• второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вреди да се спомене и тоа дека рокот од 30 дена за враќање на работното место, којшто го имаше работникот кој бил избран или именуван на јавна функција, како и работникот кој лично или, пак, неговиот брачен другар е упатен на работа во странство – сега се скрати на само 15 дена „по престанувањето на функцијата што ја вршел“ (чл. 151-152, ЗРО/05); ѓ) следен сомнителен потег е бришењето на јасната одредба којашто предвидуваше дека доброволен крводарител има право на два последователни слободни дена за секое давање крв, а „слободните денови се сметаат како да е на работа“ (чл. 54, ЗРО/03 – Пречистен текст) – со што се отвори дилема дали во овој случај отсуството останува платено, или се трансформира во неплатено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)