приемен (прид.) - испит (имн.)

Овие игри му причинуваат многу поголемо задоволство отколку часовите во приватната академија Јулијан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не го положува приемниот испит во Ecole des Beaux-Arts (школа за убава уметност) и се враќа во Руен (каде се наоѓаат неговите родители и трите сестри).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па пијано, час чука, час престанува, а насмевката како вкочанет израз, како поза искрена или зашто така треба, па како малечка што ги вежба ликовите пред огледало за приемен испит на факултет за драма, и таа сакаше да остави впечаток кој трае.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од таму тој голем отпор од негова страна кога сакав да заминам за Скопје на приемен испит во Учителска.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но Гого, и да сакаше, немаше да бара протекција за синот, кај истите оние свои постари колеги што не го примија на времето во своите редови; а пак, во меѓувреме, и неговото презиме ништо повеќе не им значело и денес, за да му попуштат на детето во приемниот испит.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но штом го остави во интернатот, Гого надушка дека имало и средноуметничко училиште, па бидејќи цртањето му одеше од рака се пријави таму на приемен испит.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште кога го видов, неговото лице ми се стори познато, а кога почна да раскажува за себе, јас се сетив – четири години пред тоа јас седев до него на приемниот испит во Уметничкото училиште.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара тогаш имаше петнаесет, а јас четиринаесет години; таа не се ни обиде да се запише, а јас не успеав да го положам приемниот испит.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете продолживме да цртаме заедно, при секоја наша средба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се викаше Густав Климт; сега имаше, како и јас, осумнаесет години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве, сега ќе цртам за приемниот испит, прво ќе го насликам портретот на баба ми, па твојот портрет и на крајот ќе си направам автопортрет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)