природен (прид.) - бев (гл.)

Сосема природен беше оној негов пристап од темнината, како тоа да беше единствената работа што тој можеше да ја стори, а во пикањето на раката под кошулата немаше ништо страшно, ништо вулгарно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бев многу чувствителна и природно беше што ми се чинеше дека сите ме мразат, дека никој не знае со мене да зборува, постојано бев расплакана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)