природен (прид.) - лимонада (имн.)

Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така, потпевнувајќи си и отпивајќи две освежителни голтки од чашата со природна лимонада, мајка ми ја почнува својата втора приказна за време на овој белградски престој.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)