природен (прид.) - убавина (имн.)

Чудно е тоа ако се знае каква е Белгија по природните убавини и на оние што ги има Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, за светот таа е повеќе позната по своите природни убавини, по широкото и недогледно море, со бескрани песочни плажи што се шаренеат на жешкото летно сонце и се преливаат во своевиден златен спектар...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Верувам дека ќе успеам да ги спакувам во една емисија природните убавини со историјата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја водеше, поточно беше дел од екипата во рубриката за природните убавини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Битно ракијата го бендиса. И, да, природните убавини.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еве неколку извадоци од првиот ден во Брезница кои би можеле на авторот да му бидат од корист: Всушност ова село со своите урнатини, напуштени куќи, старци, изгладнети кучиња – скитници и без исклучок луѓе со изрази на исцрпеност, без ниедно дете (освен мутлавата што ја виде) ја наградува неверојатно богатата природна убавина во којашто е сместено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вие сте биле на Пелистер и затоа ќе го прескокнам опишувањето на неговите природни убавини...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Благодарение на дејствувањето на амбасадорот Старова како дипломат во мојата земја, но и на неговото книжевно перо, тој придонесе, како и многу други, да се запознаам со природните убавини на земјата, со традицијата и постигнувањата, но и со вредностите на нејзините граѓанки и граѓани, во градењето на нивната европска иднина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Втор предзнак Повторно јули врел ме раздени весело, седма годишнина, да прославиме заедно, во природните убавини македонски тргнавме рано, кон некое мало мавровско село.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Иако многу посиромашни со природни убавини, тие се трудат она што го имаат да го сочуваат и да го разубават.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Поради природните убавини, ретки животински и растителни видови веќе 1949 година подрачјето било прогласено за Национален парк „Маврово“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Подло ја осквернавиле природната убавина!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)