Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)