Оваа одредба двапати беше менувана со измените на ЗРО (2005): • прво, во август 2008, таа се замени со порестриктивна одредба, според која, во наведениот случај, работникот има право на обесште- тување за неискористените денови на годишен одмор, во висина на просечната плата на работникот за тие денови (чл. 17, ЗИДЗРО/авг.08); • второ, само по една година, повторно, се интервенираше во оваа повеќепати променета одредба – што, од своја страна, оддава впе- чаток на недоволна студиозност и номотехничке несериозност при подготовката на законите.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)