ЕПИТАФ Овде лежат коски на еден јунак коски синоптичарски на едно променливо време
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Мирисот нивни се меша со бојата на божилото што живее во темнината на сонот додека не дојде променливото време на градината да го откорне да го крене над лисјето да го развее.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)