Сокол Мечевски како да разбра зошто во Татковата библиотека, во чуден и во постојано променлив распоред, покрај големите свети книги, Библијата, Куранот и Талмудот, се наоѓаа и разни други метафизички трактати, но и книги за кабалата, за Тората, за хуруфистите, за богумилите, за идеологиите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И така, прелистувањето на вистинската страница, според променливиот распоред на татковите книги, значеше прелистување на самата судбина во големиот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ова стануваше битен принцип во постојаниот жив и променлив распоред во читањето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но ја немав моќта на интегралното читање на неговите книги, тајните на променливиот распоред.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко, обземен од значењата на своите книги, до кои допираше по деноноќното читање, размислуваше, без поизразито чувствување на семејното време, на динамиката на нашето растење, понесен со некакви метафизички излези за кои веруваше дека му ги откриваат само книгите, читајќи ги често и со променлив распоред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)