Во овој период организираните групи пристапиле кон собирање на оружје и медицински материјал во Горна Џумаја, Свети Врач и Петрич, а едновремено се одвивала широка политичка и пропагандна активност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Концентрацијата на својата активност на тесно регионално подрачје била една од причините бугарската војска релативно брзо да ги открива активностите на македонските партизани од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)