Понатаму, како позитивно треба да се оцени тоа што со донесувањето на ЗВОСН дојде до подробно регулирање на помошта што ја обезбедува Заводот при професионалната ориентација на невработените и останатите лица преку давање совети како тие самите да бараат работа преку огласи, контакти со работодавците и на друг начин, тестирања за избор на занимање за кое лицата имаат најмногу интерес и способности и формирање работни клубови за пренесување знаења
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)