Доколку физичкото лице – трговец поединец е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата; и 5) да даде изјава дека во работењето ќе ги применува правилата во согласност со кодексот за етиката на стечајните управници и 255 професионалните стандарди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители (чл. 18, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиценца за вршење работи на стечаен управник може да добие друштвото ако ги исполни следниве услови: – да има вработено најмалку еден овластен стечаен управник и да има вработено најмалку еден дипломиран правник и еден дипломиран економист; – управителот да даде изјава дека овластените стечајни управници и другите вработени лица во работењето ќе ги применуваат правилата содржани во Кодексот за етиката на стечајните управници и професионалните стандарди; и – друштвото да не е осудувано за кривични дела што го прават неподобно за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)