Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, тој беше должен да плати и паушал за судски трошоци во износ од 2.500 МКД, како и да му ги надомести процесните трошоци на оштетениот, во висина од 23.400 МКД (385 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во овој судски спор за неплатени придонеси за ПИО – судечкиот суд (преку судијката З. Шапуриќ-Хорват) – во март 2001 – донесе позитивна пресуда врз основа на признание со која го усвои тужбеното барање на Анчевски и ја задолжи фирмата АД „Алумина“, во рок од осум дена по приемот на пресудата, да изврши уплата на придонесите во ФПИОМ во износ од 179.010 МКД (2.935 ЕУР) за изминат период од 44 месеци (од април 1997 па сѐ до ноември 2000 год.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Процесните трошоци беа одмерени на 6.000 МКД (околу 100 ЕУР) и, откако првично судските такси ги плати синдикатот на „Алумина“, подоцна тие паднаа на терет на туженото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)